Достапни линкови

Многу мртви и повредени во денешните напади во Ирак


Најновите извештаи јавуваат за најмалку 34 лица убиени во денешните бомбашки напади во Багдад, непосредно пред да се укине полицискиот час во ирачкиот главен град. Според полициски извори во самоубиствен бомбашки напад во делот Нов Багдад, во источниот дел на градот, загинале најмалку 22 лица, а повредени се 45. Друг бомбашки напад бил насочен кон раздвижениот пазар Шарка и тоа предизвикало голем број на жртви.
Третиот напад бил пријавен во претежно шиитската населба во југозападниот дел на Багдад, при што загинале најмалку четири лица.
Бројот на жртвите од трите напади е најмалку 34, а околу 75 луѓе се повредени. Претходно ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади нареди дека ноќниот полициски час треба да се укине овој викенд. Тој, наводно, е во сила од 2004 година.

XS
SM
MD
LG