Достапни линкови

Пронајдена втора масовна гробница во Ирак


Ирачки официјални лица соопштија дека остатоците на 23 лица од верското малцинство Јазиди биле пронајдени во втората масовна гробница откриена во северен Ирак. Масовната гробница во близина на северозападниот дел на селото Бардијан е најновиот доказ за злосторствата извршени во области под контрола на исламските милитанти пред државните сили да ја почнат офанзивата кон нив. Портпаролот на курдската регионална влада,
Фуад Отман, изјави дека масовната гробница е откриена на 6 февруари. Остатоци од околу 27 други Јазиди биле пронајдени во крвава јама во областа Синџар на југ.
Курдските сили во северозападниот дел на Ирак беа потиснати назад од страна на исламските милитанти во август, оставајќи го малцинство Јазиди на милост и немилост на екстремистичката група.
Милитантите убиваа, киднапираа, поробуваа и силуваа Јазиди, што ОН го нарекоа "обид за извршување на геноцид". Ирачките сили поддржани од страна на САД, извршија неколку воздушни напади и забележаа значителни придобивки против милитантите во изминатите месеци.

XS
SM
MD
LG