Достапни линкови

Порошенко: Мировниот план може да успее


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека предлогот за ставање крај на конфликтот во источна Украина би можел да успее.
Ова го изјави накратко по пристигнувањето во Минхен за конференција за безбедност во чиј фокус е украинската криза. Тој се осврна на предлог што германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд го разговараа со него на 5 февруари во Киев, како и со рускиот претседател Владимир Путин на 6 февруари во Москва.
Запрашан дали би можел да успее мировниот предлог Порошенко рече да.Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави дека по разговорите во Москва дека лидерите се согласиле да продолжат да работат кон можниот заеднички документ за спроведување на договорот за прекин на огнот потпишан во белорускиот главен град Минск, во септември. Тој соопшти дека за ова ќе разговараат Путин, Меркел, Оланд, и Порошенко ќе се разговара по телефон на 8 февруари.

XS
SM
MD
LG