Достапни линкови

logo-print

Студентскиот пленум порачува: Аргументите победија


Аргументите на студентите и професорите го убедија премиерот да ја признае апсурдноста на сопствениот закон, велат студентите во соопштението кое го испратија до медиумите, по вчерашната средба со премиерот Груевски, на која беше одлучено суспензија на законот за високо обраозвание и одложување на државниот испит за 2018 година.

-Нашата борба е студентите да бидат постојано и директно вклучени во креирањето на нов зкаон, а ако тоа не се случи, отвореноста и подготвеноста на нашата влада ќе бидат нелегитмни, односно тие би биле обично ретерирање, одложување на револтот, страв. Во тој случај наша грѓанска должноста останува бунтот, пишува во соопштението од Студентскиот пленум.

Дел од студентите во пленумот, пак вчера преку своите Фејсбук профили се оградија од состанокот на студентите со Груевски.

XS
SM
MD
LG