Достапни линкови

Разговори Кери-Зариф пред мартовскиот рок за договор


Американскиот државен секретар Џон Кери во разговорите со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф ја истакна важноста на исполнувањето на мартовскиот рок за согласност за договорот за намалување на контроверзната нуклеарна програма на Техеран. Неименуван американски претставник изјави дека Кери "ја потврдил желбата на американската администрација да се направи напредок кон политичката рамка до крајот на март". Шесте светски сили и Иран ги пропуштија двата рокови кои си ги наметнаа во текот на минатата година во замена за еден сеопфатен договор со цел да се спречи нуклеарната програма на Иран. Групата која ја сочинуваат Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД – си поставија рок до 31 март за политички договор и 30 јуни за постојан договор. Иран ќе добие олеснување од економските санкции во замена за намалување на својата нуклеарна програма, за која светските сили стравуваат дека може да се користи за производство на нуклеарно оружје. Иран тврди дека неговата програма е само за мирољубиви цели.

XS
SM
MD
LG