Достапни линкови

logo-print

Меркел: Неизвесни изгледите за мир во Украина


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека изгледите за мир во Украина остануваат замаглени по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин. Меркел денеска се обрати на безбедносната конференција во Минхен, во чиј фокс езагриженоста во врска со конфликт меѓу владините сили и бунтовниците поддржани од Русија, во која загинаа повеќе од 5350 луѓе во источна Украина од април. Германската канцеларка се врати неколку часа порано од Москва, каде што таа и францускиот претседател Франсоа Оланд му го претставија мировниот предлог на рускиот претседател Владимир Путин откако претходно за него дискутираше со украинскиот претседател Петро Порошенко во Киев. "По вчерашните разговори во Москва кој заедно со францускиот претседател ги имав, неизвесно е дали ќе успее", рече Меркел. "Но, тоа е мојот став и мислење на францускиот претседател па дефинитивно вреди да се проба.Во најмала рака, ние тоа им го должиме на луѓето погодени во Украина, додаде таа. Оланд изјави дека француско-германските напори биле "еден од последните шанси за мир. Тој рече дека ако траен договор не може да се најде, можното сценарио е војна.


XS
SM
MD
LG