Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на СДСМ


ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави синоќешната одлука на Централниот одбор на СДСМ и како што се наведува во соопштението од партијата, тоа за нив е очекувано.

- Народот на Република Македонија знае да цени кој работи за негово добро со проекти, реформи, програма, а кој се занимава со манипулации и деструкција, посочува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението. Според партијата, конечно очајот, алчноста и недостатокот на капацитет на Зоран Заев добиваат свое финале.

- Многупати и досега СДСМ држеле вакви состаноци, најавувале и фрлале бомби, ни се заканувале, не навредувале, употребувале насилство и кажувале дека сме нервозни и уплашени, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека нивниот лидер сам призна дека соработува со странски служби и креира деструкција за туѓ интерес.

XS
SM
MD
LG