Достапни линкови

Нова стратегија за национална безбедност на САД


Белата куќа ја претстави новата стратегија за национална безбедност која ќе осигура враќање на потребата од раководна улога на Соединетите Држави во обезбедувањето на "правилата базирани на меѓународниот поредок" и мобилизирање на глобалните напори во низата безбедносни фронтови, вклучувајќи го и запирањето на руската "агресија". Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД е "водечка во меѓународните коалиции за соочување со акутните предизвици на агресија, тероризам и болести." Обама изјави дека Вашингтон е "во чекор со нашите европски сојузници" и "спроведувањето на строги санкции врз Русија да наметнуваат трошоци и да ја спречат иднита агресија", како одговор на дејствијата на Кремљ во Украина. Во документот, кој дава широк преглед на приоритетите на надворешната политика на Обама за остатокот од неговиот мандат, се наведуваат голем број на други ризици, вклучувајќи го ширењето на нуклеарното оружје, исламистичкиот тероризам и "деструктивните" сајбер напади.

XS
SM
MD
LG