Достапни линкови

logo-print

Шест Босанци обвинети за поддршка на терористички организации


Шест босански емигранти се обвинети во САД за давање поддршка на терористички организации. Групата составена од тројца мажи и три жени на возраст меѓу 26 и 42 години доставувале пари и воена орпема. Дејствувале во американските држави Илиноис, Мусури и Њујорк. Петмина од нив се уапсени. Тие се обвинети дека преку посредници во Турција и Саудиска Арабија доставувале пари, воени униформи и друга опрема за групи поврзани со Ал Каеда, Исламска држава и Џебхат ал Нусра во Сирија и Ирак и на други места.Двајца од нив ќе бидат судени и за заговор за убиство на луѓе во друга држава.

XS
SM
MD
LG