Достапни линкови

Конференција за безбедност во Минхен


Високи официјални претставници од Украина, Русија, САД и домаќинот Германија се очекува да се обрататна конференцијата за безбедност на која доминира загриженоста во врска со конфликтот во Украина. Предвидено е на конференцијата да се обратат германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и американскиот заменик-претседател Џо Бајден, а веројатно свое обраќање ќе има и украинскиот претседател Петро Порошенко. Тридневната годишна конференција доаѓа откако Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд се состанаа со рускиот претседател Владимир Путин вчера во Кремљ за да разговараат за новиот мировен предлог, кој пак следи по разговорите со Порошенко во Киев претходниот ден. Портпаролот на Путин рече дека разговорите биле конструктивни , но Меркел и Оланд ја напуштија Москва без збор и знаци за некаков напредок. Во конфликтот меѓу владините сили и руските сепаратисти загинаа повеќе од 5350 луѓе во источна Украина од април и предизвика на тензична конфронтација меѓу Москва и Западот.

XS
SM
MD
LG