Достапни линкови

Германија ја зголемува воената помош за Ирак


Германското министерство за одбрана соопшти дека ќе го забрза снабдувањето на оружје, влкучително ракетите за курдските војници кои се борат против милитантите на Исламската држава. Новата помош, која беше соопштена по средбата меѓу германската канцеларка, Ангела Меркел и ирачкиот премиер Хајдар ал Абади е вредна 13 милиони евра.

Минатата година Германија прати воена помош вредна 70 милиони евра. Сега ќе испрати 30 фрлачи, 500 проектили, 203 базуки, 4000 пушки и 10 „Динго“ околопни возила. Абади потенцираше дека разузнавачките врски со Германија биле од витално значење во следењето на странските борци, меѓу нив и германски државјани кои се борат на страната на ИД.

Ал Абади, кој подоцна требаше да присуствува на конференцијата за безбедност во Минхен, додаде дека на Ирак му е потребна континуирана поддршка од Германија и од другите земји сојузнички, за да ги поразат милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG