Достапни линкови

Се самозапали маж во Калининград


Полицијата и очевидци велат дека маж денеска се запалил пред кабинетот на градоначалникот во рускиот град Калининград. Полицијата соопшти дека неидентификуван маж, на околу 30 до 40 години, истурил бензин врз неговото тело и се запалил. Возачи и минувачи успеале да го изгаснат оганот и да повикаат брза помош.

Очевидците рекле дека човекот се здобил со тешки изгореници, но нема информации од официјалните лица за неговата состојба и за мотивите. Некои очевидци велат дека човекот оставил порака близу до влезот на канцеларијата на градоначалникот во Калининград.

XS
SM
MD
LG