Достапни линкови

Амбасадата на САД загрижена поради изјавата на обвинителството


Амбасадата на САД со загриженост ја проследи изјавата од 3 февруари на Канцеларијата на Јавното обвинителство дека “објавувањето на материјали кои може да станат предмет на натамошна кривична постапка е забрането и казниво со закон ”, се вели во соопштението од амбасадата.

„Слободните медиуми се столб на едно демократско општество и медиумите играат клучна улога во презентирањето на информации од јавен интерес, вклучувајќи и информации кои би можеле да укажуваат на злоупотреба на власт и да резултираат со кривични постапки против јавни личности. Загрижени сме дека медиумите во Македонија може да ја толкуваат изјавата на Јавното обвинителство како таа да значи дека тие не треба да ја играат оваа значајна улога. Ги повикуваме властите да дадат јасно правно објаснување за изјавата од 3 февруари, поконкретно определувајќи ги околностите во кои една информација мора да се третира како службена тајна, и да објаснат како новинарите ќе знаат во кои случаи ќе постојат таквите конкретни околности„ се наведуба во соопштението од американската амбасада во Македонија.

XS
SM
MD
LG