Достапни линкови

Се одложува Законот за високо образование


Законот за високо образование ќе биде одложен, е договорено на средбата меѓу претставници од Студентскиот и Професорскиот Пленум, претставници од Ректоратот на УКИМ и премиерот Никола Груевски, соопштија по средбата ректорот на УКИМ Велимир Стојковски и преставници на студентите. Одредбата за државен испит ќе биде одложена за една година, а некои од другите спорни одредби и на подолг рок. Средбата во владата беше свикана на бирање на премиерот.

Од Студентскиот пленум изразија задоволство од текот на настаните и рекоа дека годинава ќе се трудат да укажат на сите недоследности на законот.

Досега студентите имаа неколку протести и маршови, јавни повици и барања за средба и дебата со премиерот и министерот за образование, но властите остануваа неми.

XS
SM
MD
LG