Достапни линкови

Јордан со сите сили против милитантите на ИД


Јордан соопшти дека воздушните напади против милитантната екстремистичка група на Илсамската држава, се само почеток на нивната кампања за одмазда за јорданскиот пилот кој беше запален жив. Јордан вети дека ќе ги уништи милитантите.

Војската соопшти дека десетици борбени авиони вчера гаѓале цели на Исламската држава и биле погодени кампови за обука и депоа за муниција и оружје. Министерот за надворешни работи, Насер Џудех за Си-Ен-Ен рече дека Јордан ќе се бори против ИД со се што има.

Ужасното убиство на пилотот Муат ал Касаебе, кој во декември беше заробен од милитантите на ИД, предизвика тага и бес во Јордан. Денес илјадници луѓе маршираа во главниот град на Јордан, Аман, мафтајќи слики од пилотот, знамиња и транспаренти на кои пишуваше „Да за искоренување на тероризмот.“

XS
SM
MD
LG