Достапни линкови

Привремено примирје во Дебалцеве


Украинските владини претставници и проруските сепаратисти, наводно се согласиле за кратко хуманитарно примирје околу источниот град Дебалцеве. Привременото примирје беше прогласено откако германскта канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд направија притисок со новиот мировен план за крај на украинската криза.

Претставникот од Министерството за внатрешни работи на Украина, Вјачеслав Аброскин, за француската новинска агенција АФП изјави дека прекинот на огнот бил договорен за да се овозможи да бидат евакуирани цивили кои се под опсада. Бунтовниците изјавија дека примирјето ќе трае од 10 до 17 часот по локално време и дека автобуси со цивилите веќе заминале од Дебалцеве.

Претходно Ројтерс објави дека десетици празни автобуси во придружба на ОБСЕ се движат кон градот. Очевидци велат дека немало пукање помеѓу владините сили и проруските сепаратисти додека конвојот се движел кон Дебалцеве.

XS
SM
MD
LG