Достапни линкови

„Хибридната војна“ - главна тема на конференцијата за безбедност во Минхен


Конфликтот во Украина се очекува да биде доминантна тема на годишната конференција за безбедност, кој ќе биде отворена во денеска попладне во Минхен. Десетици светски лидери и министри ќе се соберат во Германија на тридневниот настан. Германскиот министер за одбрана, Урсула вон дер Лејен и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес ќе се обратат на конференцијата.

Потоа, највисокиот командант на НАТО, американскиот генерал Филип Бридлов ќе учествува во дискусијата за хибридната војна, термин кој го карактеризира конфликтот во Украина, каде владините сили се борат против проруските сепаратисти од април 2014 година.

На 7 февруари, германската канцеларка Ангела Меркел ќе се обрати на конференцијата, по што ќе следат рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, американскиот потпретседател Џо Бајден и украинскиот претседател Петро Порошенко.

XS
SM
MD
LG