Достапни линкови

Обама ќе објави нова стратегија за безбедност


Белата куќа денеска треба да ја објави новата стратегија за национална безбедност на претседателот Барак Обама. Во неа тој дава широк преглед за тоа како ги гледа неговите надворешно политички приоритети до крајот на неговиот мандат. Станува збор за ажурирање на претходниот документ што беше објавен во 2010 година, 15 месеци откако Обама ја презеде функцијата претседател. Се очекува во новата стратегија да се потврди борбата против милитантите на Исламската држава, како и соработката со европските сојузници да се изолира Русија во врска со своите потези за поддршка на бунтовниците во источниот дел на Украина.

XS
SM
MD
LG