Достапни линкови

Во Скопје протест на хонорарците


Пред Министерството за труд и социјална политика заденеска е најавен протест на хонорарците. Синдикатите и здруженијата на граѓани потписници на Повелбата за солидарност заедно со хонорарци од министерството ќе побараат одговори за сите нејаснотии поврзани со уплатата на придонеси за хонорари. Планот е секој хонорарец да поднесе барање за информација од јавен карактер до Министерството, a потоа да им се придружи на останатите пред министерството. Поднесувањето барања се планира да трае два часа.

XS
SM
MD
LG