Достапни линкови

Јордански авиони извршиле напади врз позиции на ИД


Јордански борбени авиони извршиле напади врз позиции на милитантите на Исламската држава во Сирија. Во соопштението на јорданската војска се наведува дека во нападите учествувале десетици авиони при што биле уништени складишта со муниција и тренинг центри на милитантите. Шефот на јорданската дипломатија Насер Џудех изјави дека тоа било само почеток на одговорот против милитантите на Исламската држава за тоа што жив го запалиле јорданскиот пилот кој во минатиот декември, по уривањето на неговиот авион, беше заробен во Сирија.

XS
SM
MD
LG