Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: облачно и врнежливо


Во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог. Претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни во западните, а околу пладне и попладне во југоисточните делови од земјава. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено во источните делови. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од шест до 12 степени. Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд особено околу пладне и попладне. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до девет степени.

XS
SM
MD
LG