Достапни линкови

logo-print

Кери: Обама да одлучи дали да и даде оружје на Украина


Американскиот Државен секретар, Џон Кери вели дека американскиот претседател Барак Обама мора наскоро да одлучи дали да и обезбеди смртоносно оружје на Украина за да и помогне да се бори со проруските сепаратисти поддржани од Русија.

Кери по разговорите со украинскиот претседател, Петро Порошенко во Киев, ја насочи одговорноста кон Русија да ја запре војната во која од април загинаа повеќе од 5350 луѓе.

Тој рече дека САД сака мирно решение, но оти не може да ги затвори очите пред минувањето на руските тенкови на украинската граница. Кери доаде дека континуираната агресија на Русија на истокот, е најтешката закана со која денес се соочува Украина.

XS
SM
MD
LG