Достапни линкови

Папата Франциско ќе говори пред Конгресот на САД


Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Џон Бонер, денеска соопшти дека папата Франциско ќе се обрати на заедничката сесија на Конгресот на САД на 24 септември. Тоа ќе биде прво обраќање на шеф на Римокатоличката црква пред Конгресот на САД. Папата Франциско се очекува да ги посети Вашингтон, Њу Јорк и Филаделфија. Бонер, во 2014 година рече дека го поканил папата Франциско да говори пред законодавците на САД.

XS
SM
MD
LG