Достапни линкови

Нови смртоносни напади во Сирија


Извештаите од Сирија велат дека најмалку 57 лица, влкучително 12 деца денеска биле убиени во владините воздушни напади против бунтовниците, во околината на Дамаск. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека владините сили ги започнале нападите, откако бунтовниците испалиле повеќе од 100 ракети врз Дамаск и убиле 10 луѓе.

Тоа беше второ големо бомбардирање на Дамаск од страна на бунтовниците за помалку од две недели. Лидерот на најголемата фракција на бунтовниците, Захран Алуш, го опиша Дамаск како „воена зона“. Групата за човекови права соопшти дека борците на Алуш со повеќе од 30 ракети го нападнале Дамаск на 25 јануари, кога загинаа неколку лица. Повеќе од 200 илјади луѓе загинаа во Сирија од почетокот на војната во 2011 година.

XS
SM
MD
LG