Достапни линкови

Грција и Германија далеку од договор


Грчкиот министер за финансии се обиде да добие поддршка од својот германски колега за планот за нови преговори за грчкиот долг и мерките за штедење, но согласноста за договор се уште е далеку. Волфганг Шојбле по денешните разговори со Јанис Варуфакис во Берлин рече дека „се согласиле, да не се согласат“ и дека отпишувањето на грчкиот долг не е опција. Сепак Варуфакис рече дека Европа може да очекува „бес на разумот“ од новата грчка влада.

Варуфакис, правејќи пралела меѓу искачувањето на Нацистичката партија во Германија и подемот на грчката неонацистчка партија, Златна Зора, рече дека никој подобро не ја разбира Грција од Германија. „Никогаш не дозволувајте да се подели гордата европска нација, како во депресијата во 1930 година“, рече тој.

Германија е најголемиот европски соработник на Грција во петгодишната програма за штедење и е силен поддржувач на фискалната дисциплина, за која Атина вели дека е причина за намалување на приходите, голема невработеност и огромна депресија.

XS
SM
MD
LG