Достапни линкови

НАТО го зајакнува источното крило


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вели дека потезите за зајакнување на источното крилo на Алијансата се одговор на „агресивните дејствија“ на Русија. Пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО, Столтенберг повика Москва да престане да ги поддржува сепаратистите во источна Украина и да направи притисок врз нив да го почитуваат септемврискиот договор за прекин на огнот.

Министрите на НАТО се очекува да разговараат за формирање на мрежа од мали командни центри кои можат да го зајакнат регионот во случај на било каква закана од Русија. Во меѓувреме американскиот Државен секретар, Џон Кери пристигна во Киев да разговара со претседателот Петро Порошенко во врска со извештаите дека Вашингтон е блиску да ја промени својата политика да не ја вооружува Украина во борбата против проруските бунтовници.

XS
SM
MD
LG