Достапни линкови

Двајца Азербејџанци затворени како ирански шпиони


Илустрација

Илустрација

Судот во Баку затвори двајца мажи од Азербејџан, кои шпионирале за Иран. Факир Курбанов и Сејмир Разаде денеска беа прогласени за виновни за велепредавство и осудени на 13 и 14 години затвор. Инспекторите велат дека двајцата соработувале со претставниците на иранските разузнавачки служби во 2013 година.

Азербејџан во 2012 година осуди неколку свои граѓани за шпионирање во Иран. Тензиите меѓу Техеран и Баку ескалираа во 2012 година, откако азербејџанските власти уапсија голем број луѓе со наводни врски со Иран, кои наводно планирале напади во Азербејџан.

XS
SM
MD
LG