Достапни линкови

Предлог Волгоград повторно да биде Сталинград


Предлогот за преименување на рускиот град Волгоград во името на поранешниот советски диктатор, Јосиф Сталин, предизвика критики од активистите за човекови права. Рускиот дневен весник „Известија“ пишува дека пратениците од комунистичката партија подготвиле нацрт предлог за претседателот Владимир Путин со барање да се разгледа можноста за промена на името на градот во Сталинград.

Претседателката на Хелсиншката група во Москва, Људмила Алексиева ја осуди идејата, твдејќи дека советскиот народ победи во Втората светска војна, а не Сталин. Оригиналното име на Волгоград, Царицин, беше сменето во Сталинград во 1925 година од страна на советскиот режим во чест на лидерот Сталин. Битката на Сталинград стана симбол на советскиот отпор против нацистичкиот напад во 1942 -1943 година и ја означи пресвртницата на војната. Шефот на претседателскиот совет за човекови права на Русија, Михаил Федотов, исто така ја отфрли идејата.

XS
SM
MD
LG