Достапни линкови

Анкетираните граѓани велат дека не ги интересира политички театар што може да трае со месеци во ситуација кога имаат егзистенцијални проблеми.

Политичките превирања, препукувања и откривање афери треба да се одвиваат таму каде што им е местото - во институциите, а не пред очите на јавноста како претстави за да се одвлече вниманието од реалните проблеми што ги засегаат луѓето. Ова се најчестите коментари на дел од граѓаните по обелоденувањето на случајот Пуч. Тие велат дека не ги интересира политички театар што може да трае со денови или со месеци во ситуација кога има приоритетни прашања кои не се решени, а тоа е секојдневната егзистенција, невработеноста, ниските плати.

Јас мислам дека тоа е обид на власта да ги одвлече, меѓутоа ирелевантни се случувањата во државата кога треба да своите деца да им се даде храна, облека, за училиште итн.

„Мене „Пуч“ воопшто не ме интересира и не се замарам тоа да гледам, а секојдневието е стрес, платите мали, не стасува за ништо, само за храна и за сметки.“

Архивска фотографија: Протест против обвинитетите во акцијата „Пуч“.

Архивска фотографија: Протест против обвинитетите во акцијата „Пуч“.

„Јас мислам дека тоа е обид на власта да ги одвлече, меѓутоа ирелевантни се случувањата во државата кога треба да своите деца да им се даде храна, облека, за училиште итн.“

Еве штрајкот на просветарите, од една страна се зборуваше дека нема штрајк, од друга, сега штрајкот е прекинат. Очигледно дека владата забошотува многу проблеми кои се значајни за граѓаните.

„Најверојатно тоа им беше намерата, ама не верувам дека тоа долготрајно ќе ни го одвлече вниманието од економската ситуација. Пари нема, економската ситуација е тешка“, велат анкетираните граѓани.

Професор Нелко Стојановски коментира дека после оваа афера се создаде неповолен амбиент кога надмоќноста на политиката над животот на граѓаните се чини неизбежна. Како решение на проблемот во Македонија, тој наведува дека се потребни исчекори кои подразбираат промена на амбиентот, а тоа значи деполитизација и дека треба да се слуша и гласот на народот кој партиципира во промените во државата. Професор Стојановски нагласува дека незадоволството на граѓаните е одредено од економските фактори.

„Евидентно е дека има сериозни проблеми од егзистенцијален карактер на граѓаните на Македонија. Еве штрајкот на просветарите, од една страна се зборуваше дека нема штрајк, од друга, сега штрајкот е прекинат. Очигледно дека владата забошотува многу проблеми кои се значајни за граѓаните“, вели Стојановски.

Некои коментираат дека последната афера Пуч е работа на судот, а дека граѓаните своето мислење ќе си го кажат на избори. Сè друго е претстава која не добра, ниту за имиџот на земјата, ниту од тоа имаат корист граѓаните. Тие потсетуваат дека нив ги интересираат долговите на земјата, ниските плати и невработеноста.

„Како граѓанин којшто гледа што се случува и што е срам за Македонија, во моментов се прашувам дали е возможно ова што се случува во земјата. Мислам дека економијата е главен и најважен проблем за граѓаните, со оглед на тоа што со 20 денари некои граѓани мора да го преживеат денот, тоа е навистина огромен проблем“, вели анкетирана граѓанка.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG