Достапни линкови

Оланд и Меркел со нов предлог за мир во Украина


Францускиот претседател, Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел ќе ги посетат Киев и Москва во обид да направат притисок за мир во источна Украина. Оланд во Париз истакна дека санкциите против Русија не успеаја да ги запрат борбите и дека тој и Меркел ќе направат нов предлог за решавање на конфликтот за време на разговорите со Петро Порошенко и Владимир Путин на 5 и 6 февруари.

Тој рече дека предлогот е направен врз основа на територијалниот интегритет на Украина. Американскиот Државен секретар, Џон Кери е во Киев на разговори со Порошенко поради извештаите дека Вашингтон е блиску да ја промени својата политика да не ја вооружува Украина. Од април минатата година во борбите меѓу проруските сепаратисти и владините сили загинаа повеќе од 5350 луѓе. Стотици беа убиени во ескалацијата последните неколку недели.

XS
SM
MD
LG