Достапни линкови

logo-print

ЕУ се согласи за проширените санкции кон Русија


Членките на Европската унија се согласија за проширената листа на лица и субјекти да бидат под санкции, во врска со кризата во Украина. Дипломатите на ЕУ денеска беа цитирани како велат дека кон дополнителни 19 луѓе, вклучително руски државјани и кон девет субјекти ќе бидат насочени санкциите. Имињата не се веднаш достапни, но Ројтерс цитираше изјава од дипломатите како велат дека ниту еден од личностите и субјектите не биле многу познати. Министрите за надвотешни работи на ЕУ треба да се сретнат на 9 февруари и да ја проддржат проширената листа на санкции од минатата година. На 29 јануари министрите се договорија да се прошири листата на санкции и тие да продолжат до септември.

XS
SM
MD
LG