Достапни линкови

Само празни вреќи против поплавите во Струга


Кризниот штаб за справување со поплавите во Македонија поставува вреќи со посок во штипско.

Кризниот штаб за справување со поплавите во Македонија поставува вреќи со посок во штипско.

Општина Струга побарала вреќи со песок и пари за справување со поплавите, но одговорот од Дирекцијата за заштита и спасување бил дека може да им помогнат само со празни вреќи.

Општина Струга и Дирекцијата за заштита и спасување влегоа во отворен конфликт, откако градските власти од оваа државна институција побарале да помогне во справување со последиците од поплавите кои го зафатија струшкиот регион. Тие писмено во два наврати побарале вреќи со песок и финансиски средства, но одговорот од Дирекцијата бил дека може да им помогнат само со празни вреќи, тврдат од Општина Струга. Од таму велат ова го сметаат како поигрување со животот, здравјето и достоинството на стружани.

Од нивна страна добивме несериозен одговор дека тие не располагаат со песок, но дека за наши потреби можат да ни набават само празни вреќи.

„Поради вонредната ситуација креирана од големите врнежи од снег и дожд, ние како Општина Струга побаравме помош од Дирекцијата за заштита и спасување за да интервенира и да им се најде на помош на овие граѓани. Од нивна страна добивме несериозен одговор дека тие не располагаат со песок, но дека за наши потреби можат да ни набават само празни вреќи. Ова однесување е многу несериозно и веќе повторувана слика неколку пати“, рече Албрим Хоџа од секторот за односи со јавност во Општина Струга.

Поплави во струшкото село Мислешево.

Поплави во струшкото село Мислешево.

И покрај тоа што не било во нивна надлежност чистењето на каналите, од Општина Струга уште информираат дека до сега биле исчистени каналите помеѓу селата Франгово и Калишта и Мороишта и Дрслајца, а бил исчистен и каналот помеѓу селата Татеши и Добовјани во должина од 5,5 километри.

Тогаш цела Македонија треба да се чувствува изиграна ако се чувствуваат стружани бидејки никаде не испорачуваме вреќи со песок, туку само вреќи за песок“, рече

Од Дирекцијата за заштита и спасување сметаат дека обвинувањата на општината се неосновани. Ласко Мукаетов од одделението за односи со јавност во Дирекцијата за заштита и спасување рече дека од општината до нив пристигнало барање за помош од 500-1.000 вреќи со песок и 12 метри кубни песок.

„На 3 февруари барани се и финансиски средства и други работи со кои дирекцијата не располага. Одговорено им е веднаш дека може да ги подигнат вреќите, но оти со песок ќе мора да се снајдат сами бидејки Дирекцијата не располага со песок. Не гледам ниту поигрување со населението бидејки ние не гледаме каде интервенираме и со што интервенираме туку каде има потреба таму интервенираме. Тогаш цела Македонија треба да се чувствува изиграна ако се чувствуваат стружани бидејки никаде не испорачуваме вреќи со песок, туку само вреќи за песок“, рече Ласко Мукаетов од одделението за односи со јавност во Дирекцијата за заштита и спасување.

Тој уште рече дека обврска на единиците на локална самоуправа е да се справат со непогодите, а ако не може со своите капацитети тогаш се обраќа до Дирекцијата.

Абдула Ќазимоски, раководител на кризниот штаб во Струга, рече дека можностите на општината се ограничени и затоа побарале помош.

„Капацитетот на јавните претпријатија се толку колку што се. Немаме машини кои можат на сите места да помогнат и затоа ни требаа два три дена за да се санираат тие работи“, рече Ќазмоски.

Во струшкиот регион под вода беа повеќе од 300 куќи.

XS
SM
MD
LG