Достапни линкови

logo-print

Бесими: најдобро е паралелни преговори со ЕУ и Грција


вицепремиерот Фатмир Бесими

вицепремиерот Фатмир Бесими

Македонскиот вицепремиер задолжен за европски интеграции Фатмир Бесими, во предавање во универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон, рече дека најдобро решение на блокадата на евроатланските интеграции е на Македонија да и се овозможи паралелно да ги води преговорите со Европската Унија и разговорите со Грција за спорот за името, како и да се определени временски рок за решавање на спорот со Грција. Бесими е во САД како дел од македонската делегација која учествува на традиционалниот молитвен појадок. „Нашите партнери и пријатели од меѓународната заедница треба да помогнат во овој процес. Тоа е начинот, бидејќи без решение, без прием на регионот во НАТО и ЕУ, и Грција нема да има корист. Грција може ја презеде улогата на лидер во регионот за процесот на интеграција на Балканот. Ова би било победничко сценарио за двете страни, изјавил на Бесими на предавањето.

XS
SM
MD
LG