Достапни линкови

logo-print

НАТО отвора командни центри во Источна Европа


Министрите за одбрана на НАТО на денешниот состанок во Брисел треба да донесат одлука за проширување на присуството на Алијансата во Источна Европа. Станува збор за формирање мрежа на мали командни центри кои би можело да ја зајакнат безбедноста во регионот во случај на некаква закана од Русија. На состанокот ќе се решава и за новите сили за брза реакција. Американскиот амбасадор во Алијансата Даглас Лут изјави дека знамето на НАТО ќе се вее во шест командни центри во Полска, Романија, Бугарија и трите балтички земји, каде што Алијансата досега имала мало присуство. „Ова ќе бидат првите седум знамиња на НАТО во источна Европа“, изјави тој во Брисел.

XS
SM
MD
LG