Достапни линкови

Обединетите Арапски Емирати ја запреа мисијата против ИД


Американски официјални лица потврдија дека Обединетите Арапски Емирати ја запреле борбената воздушна мисија над Сирија по заробувањето на јорданскиот пилот чија авион се урнал во Сирија. Претходно весникот Њујорк тајмс објави дека суспендирањето на воздушните напади било поради страхувањето на Емиратите за сопствените пилоти. Деновиве беше објавено видео на кое е прикажано како јорданскиот пилот бил запален жив од милитантите на Исламската држава. Јорданскиот крал Абдула вети немилосрдна борба против исламските милитанти.

XS
SM
MD
LG