Достапни линкови

Кери во Киев на разговори со Порошенко


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Киев ќе разговара со украинскиот претседател Петро Порошенко. До ова доаѓа во момент кога од Вашингтон пристигаат извештаи дека Соединетите држави ја преиспитуваат својата политика за неиспраќање оружје за Украина како помош во борбите со проруските бунтовници на истокот на земјата. Порошенко изјави дека украинската војска има потреба од смртоносно оружје во справувањето со сепаратистите. Обединетите нации соопштија дека од почетокот на конфликтот во април лани досега загинале околу 5 илјади и 300 луѓе.

XS
SM
MD
LG