Достапни линкови

logo-print

Судски процес против членовите на Златна зора


72 члена на грчката екстремно десничарска партија Златна зора, вклучително и раководството, ќе се најдат пред суд за повеќе кривични дела, меѓу кои и за убиство, соопштија денеска правосудни извори. На 72 лица, меѓу кои и лидерот на Златна зора, Никос Михалолиакос и сите пратеници во претходниот состав на Парламентот, ќе им се суди. Со ова ќе заврши 15-месечната истрага која започна откако еден приврзаник на Златна зора смртно го повреди со нож грчкиот рапер Павлос Фисас во септември 2013 година. Доколку бидат осудени, на обвинетите им се закануваат затворски казни до 20 години.

XS
SM
MD
LG