Достапни линкови

Даглас Луте: Русите користат софистицирана воена опрема во Украина


Американскиот амбасадор во НАТО, Даглас Луте, вели дека руските трупи биле активни во источниот дел на Украина, откако конфликтот минатиот април започна, но дека наскоро не очекува друга голема руска интервенција.

Луте, пред денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, изјави дека руските специјалци имаат командна и контролна улога во источна Украина и дека оперираат со софистицирана воена опрема, која е тешка за употреба за необучените проруски сепаратисти. Тој рече дека во руските трупи се вклучени војници и разузнавачки оперативци, со и без воена униформа.

XS
SM
MD
LG