Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се обидува да го испере срамот на Заев


Владеачката партија, ВМРО – ДПМНЕ, излезе со реакција на прес-конференцијата на СДСМ, велејќи дека портпаролот на опозициската партија, Петре Шилегов, се обидува да го испере од срамот неговиот партиски шеф за скандалозната соработка со странска служба. Во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ наведува дека Зоран Заев сам признал дека соработувал со странска тајна служба и кажал дека се заканувал и го уценувал државниот врв во Република Македонија.

„Повторно го повикуваме Јавното обвинителство да открие од каде се снимките на кои Заев признава соработка со тајна странска служба, дали смее да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки или не е, и за што станува збор, се вели во реакцијата.

ВМРО - ДПМНЕ посочува дека Шилегов е заплеткан во скандали со неговиот имот и приходи, а го брани партискиот шеф кој сам признал дека соработува со странски служби и се заканува на демократски избрани функционери

Денеска на прес – конференција СДСМ соопшти дека Законот за кривична постапка не забранува објавување материјали што можат да бидат предмет на натамошна постапка, коментирајќи го ставот на Јавното обвинителство за објавувањето материјали од средба на премиерот Никола Груевски и претседателот на СДСМ Зоран Заев, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG