Достапни линкови

logo-print

ЕУ ги зголемува санкциите кон Русија


Европската унија наводно ги разгледува можностите за предлогот да се прошири листата на луѓе и компании за продолжување на забраните за виза и замрзнување на нивните средства, во врска со вклучувањето на Русија во војната во источна Украина.

Дипломастски извори во Брисел, за Радио Слободна Европа изјавиле дека најверојатно амбасадорите на Европската унија денеска ќе се договорат на листата dа додадат уште 25 луѓе и субјекти. Тие велат дека високи руски официјални лица нема да бидат вклучени во проширената листа. Предлогот се очекува официјално да биде одобрен на 9 февруари од стана на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Одлуката за проширување на листата за санкции беше донесена на 29 јануари на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ. На истата средба министрите се согласија до септември да се прошири црната листа со руски граѓани и лидерите на проруските сепаратисти во Украина, поради тековниот конфликт во источна Украина. Без проширувањето, рокот на почетната листа на санкции требаше да истече во март.

XS
SM
MD
LG