Достапни линкови

СДСМ во петок ќе решава кога ке ги објави „бомбите“


.

.

Опозицискиот СДСМ на денешната прес-конференција соопшти дека седница на Централен одбор е закажана во петок навечер, кога ќе се одлучува кога ќе се објават компромитирачките материјали за власта кои ги најавуваат веќе неколку месеци.Тој рече дека забраната на која предупредиЈавното обвинителство не се однесува на доказите со кои располага СДСМ и кои ќе бидат објавени пред јавноста во Македонија.

„Забраната за којашто зборува Јавното обвинителство не се однесува на медиумите и новинарите кои ќе ги објават доказите коишто СДСМ ќе ги презентира. Оттука, сметаме дека свесно конфузното соопштение на Јавното обвинителство, не е ништо друго освен јалов обид да се спречи објавувањето на доказите и документите за криминалното владеење на Никола Груевски и неколкумина поединци околу него“, вели Шилегов.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов изјави дека Јавното обвинителство по објавата на тајно направените снимкина Груевски со претседателот на СДСМ Заевпотврдило дека постои кривично дело во кое што е вклучен премиерот Никола Груевски.Јавното обвинителство може да побара забрана за емитување снимки само доколку се тие направени како дел од посебни истражни мерки, изјави Шилегов.

XS
SM
MD
LG