Достапни линкови

logo-print

19 загинати во авионската несреќа во Тајпеј


Авион на тајванската авио – компанија „Транс Азија“ се урна со 58 патници во река во близина на главниот град Тајпеј, при што загинаа 19 луѓе а десетици се уште не се пронајдени. 15 патници ја преживеаја несреќата на авионот АТР 72 – 600, кој прво со крилото удри во мост, а пота падна во река веднаш по полетувањто од островот Кинмен.

Причините за падот се уште не се познати. Официијалните лица велат дека многумина од патниците биле кинески туристи. Снимките покажуваат како авионот паѓа во реката Килунг во близина на автопат. Уште еден авион на „Транс Азија“ при слетување се урна во јули минатата година, кога загинаа 48 луѓе.

XS
SM
MD
LG