Достапни линкови

logo-print

Заев на средба со помошникот државен секретар на Стејт департментот


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик претседателот на партијата Радмила Шекеринска, денеска се сретнаа со заменик - помошникот државен секретар на Бирото за демократија, човекови права и труд при американскиот Стејт департмент Томас Мелиа и со в.д. амбасадорот на САД во Македонија, Барт Путнеј, соопштија од СДСМ.

Заев го запознал Мелиа со случајот „Пуч“. Заев рекол дека материјалите што ги поседуваат ги добиле „од службите во Република Македонија, од патриоти кои си ја сакаат земјата“, а кои немаат доверба во судскиот систем. Според него, објавување докази и аргументи за криминал, не може да се смета за обид за државен удар, а по Устав и по закон должност на секој што добил такви докази е да ги објави.

„Имаме обврска и пред граѓаните да објавиме се што имаме, и ќе објавиме. Легитимно и јавно соопштено барање на лидер на опозиција за формирање техничка влада која би обезбедила услови за спроведување фер и демократски избори, ниту е уцена ниту воопшто може да биде некаков напад врз државата, кажал Заев.

Објавените видео-снимки од средба со премиерот Никола Груевски, претседателот на СДСМ ги квалификува како кривично дело по неколку основи. Заев во разговорот со Мелиа рекол и дека „СДСМ ќе продолжи легитимно и со сите средства да се бори за враќање на слободата и демократијата во Македонија“

XS
SM
MD
LG