Достапни линкови

Грција ги пофали разговорите со ЕЦБ


Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, рече дека денешните разговори со Европската централна банка биле „плодни“ и охрабрувачки. Варуфакис очекувал да се соочи со силен отпор од шефот на ЕЦБ, Марио Драги, за предлозите повторно да се преговара за условите за спас на Грција.

Варуфакис по средбата со Драги во Франкфурт рече дека „линијата на комуникација е одлична“ и дека за во иднина дава големо охрабрување. Извештајот на Фајненшл тајмс сугерираше дека Драги ќе заземе цврст став и дури дека може да го блокира елементот од планот на Атина – продажбата на краткорочни државни записи да се подигне на 10 милијарди евра.

Во меѓувреме грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека е оптимист околу постигнувањето „взаемно прифатливо решение и компромис за грчката иднина во ЕУ. „Наша цел е да ја почитуваме волјата на народот во Грција и јасниот мандат кој го добивме од нив, но истовремено да се почитуваат и правилата на Европската унија, изјави грчкиот премиер во Брисел на прес-конференцијата со претседателот на Европарламентот Мартин Шулц.

XS
SM
MD
LG