Достапни линкови

Могерини повика да запре насилството во Украина


Шефот на надвотрешната политика на Европската унија, Федерика Могерини, денеска рече дека „спиралата на постојаното зголемување на насилството во источна Украина мора да запре“, и ги обвини проруските сепаратисти за неодамнешната ескалација на конфликтот, за кој таа вели дека е причина за „големо човечко страдање.“

Во соопштението Могерини вели дека „гранатирањето на циовили каде и да се случи е сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право.“ Но, таа острите зборови ги задржа за проруските сепаратисти кои се борат да го заземат градот Дебалцеве од владините сили и се заканија дека во целост ќе ја преземат контролата на регионоите Доњецк и Луганск. Могерини и претседателот на ОБСЕ упатија итен повик за прекин на огнот во областа Дебалцеве.

XS
SM
MD
LG