Достапни линкови

logo-print

Тетовскиот воздух загаден, мерките задоцнети


Протест против загадувањето на воздухот во Тетово.

Протест против загадувањето на воздухот во Тетово.

Откако половина зима воздухот во Тетово е загаден, локалната власт спроведе сообраќаен режими со цел да намали присуство на возила во градот, со што би имало и помало загадување. Поради постојаното загадување на воздухот граѓанските здруженија најавуваат одржување нови протести.

Жителите на Тетово календарски ја поминаа половина зима, па дочекаа општината да ги преземе првите конкретни мерки со кои се направи обид да се намали загадувањето на воздухот. Од друга страна во сите денови на јануари мерењата покажуваат дека имало присуство на штетните честички во воздухот.

Ја покажува детерминираноста на овие институции да имаме повеќе ред, не само во сообраќајот, туку со воведување повеќе позитивни мерки да исто така да имаме помала загаденост. Ги повикувам граѓаните да бидат коректни и да поддржат овие мерки.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи соопшти дека заедно со полицијата се спроведени неколку сообраќајни режими со цел да намали присуство на возила во градот, со што ќе се влијае врз тоа да има помалку штетни материи во воздухот.

„Ја покажува детерминираноста на овие институции да имаме повеќе ред, не само во сообраќајот, туку со воведување повеќе позитивни мерки да исто така да имаме помала загаденост. Ги повикувам граѓаните да бидат коректни и да поддржат овие мерки“, вели Арифи.

Фаредин Зенуни, началникот на полицијата во Тетово и Теута Арифи, градоначалничката на Тетово на прес конференција.

Фаредин Зенуни, началникот на полицијата во Тетово и Теута Арифи, градоначалничката на Тетово на прес конференција.

И началникот на полицијата Фаредин Зенуни смета дека совесноста на граѓаните може да влијае. Со помалку автомобили на улиците ќе се намали метежот и загадувањето, вели тој.

„Во врска со казните, ние сме рекордни во Македонија. Имаме 12 илјади казни, што значи дека ефектот од глобата не е во насока на подобрување на сообраќајот. Ние треба да превземаме мерки што се попревентивни во врска со сообраќајот. Ако одиме само со репресивни мерки нема да постигнеме резултат“, смета Зенуни.

Во вакви услови на долготрајно аерозагадување лекарите со препорака секој граѓанин сам за себе да преземе мерки за намалување на штетните последици.

„Повеќе течности. Два до два ипол литра на ден, затоа што главен детоксикатор во организмот е сепак најевтин, а тоа е водата. И секако и преносната вода преку зеленчукот и овошјето, би препорачал до 400 грама на ден“, вели доктор Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија.

Поради постојаното загадување на воздухот граѓанските здруженија најавуваат одржување нови протести со цел уште повеќе да се алармира за штетните последици по здравјето на луѓето.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG