Достапни линкови

Русите во Украина ќе влегуваат со пасош


Москва го повика Киев да не имплементира решение руските граѓани со пасош да влегуваат во Украина. Украинскто Министерство за надворешни работи вчера објави дека поради безбедносни причини руските граѓани од 1 март нема да можат да ги користат домашните документи за идентификација, познати како „внатрешни пасоши“, за да ја преминат границата.

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека верува оти е важно Киев да ги задржи досегашните правила за минување на границата за руските граѓани за хуманитарни причини.

Од министерството велат дека за промената Русија се уште не добила официјално известување од Украина, за која украинскиот премиер, Арсениј Јатсењук, вчера потпиша декрет. Промената ќе бара илјадници Руси кои работат и живеат во близина на украинската граница и често ја поминуваат, да аплицираат за пасоши.

XS
SM
MD
LG