Достапни линкови

ОБСЕ повика на кратко примирје во Дебалцеве


Претседателот на ОБСЕ, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дациќ повика на примирје во Дебалцеве за да се дозволи евакуација на цивилите од овој источно украински град кој се наоѓа под опсада. Во изјавата се повикуваат двете страни во и околу градот да прогласат тридневен прекин на огнот кој би стартувал веднаш. Во регионот на Дебалцеве веќе две недели се водат борби меѓу украинските сили и проруските сепаратисти. Амнести интернешнал ситуацијата во градот ја оцени како катастрофална, бидејќи илјадници граѓани биле изложени на секојдневно гранатирање, а немаат вода, струја, храна и основни лекарски потреби.

XS
SM
MD
LG