Достапни линкови

logo-print

Косовскиот премиер го разреши министерот Јаблановиќ


Александар Јаблановиќ

Александар Јаблановиќ

Косовскиот премиер Иса Мустафа соопшти дека го разрешува Александар Јаблановиќ од функцијата министер за заедници и враќање. На ова веднаш реагираше Јаблановиќ кој изјави дека не ја прифаќа ваквата одлука. Тој најави дека српските пратеници во наредниве денови ќе донесат одлука дали и натаму ќе учествуваат во владата на Косово. Опозицијата бараше смена на Јаблановиќ откако во почетокот на јануари тој Албанците во Ѓаковица ги нарече дивјаци бидејќи не им дозволиле на раселените Срби да го посетат градот. Дојде и до насилни демонстрации на кои беше побарано и смена на Јаблановиќ.

XS
SM
MD
LG