Достапни линкови

Јордан ја егзекутира ирачанката милитантка


Јордански владини извори соопштија дека Ирачанката Саџида ал Ришави била егзекутирана, заедно со уште еден ирачки милитант. Новинската агенција Ројтерс цитира владини извори кои велат дека таа била обесена изутрината со уште еден затвореник за кој се наведува дека бил висок припадник на Ал Каеда. Ал Ришави беше осудена за нејзината улога во бомбашките напади во еден хотел во Аман во 2005 година кога беа убиени десетина луѓе. Милитантите на Исламската држава бараа нејзино ослободување во замена за ослободување на јорданскиот пилот кој беше заробен во декември лани откако неговиот авион се урна во Сирија. Вчера исламските милитанти објавија снимка на која е прикажано дека тој бил жив запален.

XS
SM
MD
LG